Книгата „Мојот начин“ која ја третира зен филозофијата на живеење и модерното бушидо од Златко Кеско (ски) на почетокот на септември ќе се промовира на Бродвеј во Њујорк.
„Ова е единствена книга чиј автор е од балканските простори на оваа тематика. Денес е објавена во аудио верзија на англиски јазик на Амазон, Аудибл и ЕплСтор. „Мојот начин“ од авторот Златко Кеско е прва македонска книга во аудио верзија на англиски јазик“, вели авторот Кеско.
Тој истакнува дека оваа книга е комплетно македонски производ и дека гласот е на Александар Алексовски, монтажата и музиката се на Горан Петровски, а корицата е идејно решение на Антонио Аранѓеловиќ.
ipon.mk/В.Д.