Легендата на професионалниот бокс, Мохамед Али, е во болница. Тој е донесен со блага форма на пневмонија, која е фатена уште во раните стадиуми. Првичните прогнози се дека еден од најпопуларните спортисти на планетата наскоро ќе биде отпуштен.
„Мохамед е во болница. Има благ облик на пневмонија и прогнозата е добра“, рече портпаролот на Али, Боб Гунел.
Тим од доктори се грижат за Али, кој ја продолжува својата битка со Паркинсоновата болест. Семејството на 72-годишниот поранешен боксер одби да даде повеќе детали за неговата состојба.
Последен пат Мухамед Али се појави на јавно место во септември во родниот град Луисвил. Тогаш тој не изусти ниту еден збор.