Веста за смртта на легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант, го потресе светот на спортот.
Од големиот пензиониран играч кој почина во хеликоптерска несреќа на 41-годишна возраст сезбогува и ММА заедницата која исто така се восхитуваше на неговиот раскошен талент. Во несреќата загина и неговата 13-годишна ќерка.
Петкратниот шампион во НБА лигата и самиот беше љубител на боречките вештини. Голем број борци регаираа на неговата прерана смрт.
Андерсон Силва сподели заедничка фотографија и напиша: Тешко е да се поверува мој пријателе.
Стипе Миочиќ: „Јас сум шокиран. Почивај во рајот на Коби. Ти благодарам за се што направи за спортистите и заедниците ширум светот. Ти си легенда. Семејството Миочиќ ти испраќа љубов на овој незамислив ден. Бог да те благослови”.
Дана Вајт објави: Ужасно. Почивај во мир пријателе.
„Ужасно тажно. Нека почива во мир легендата кој толку многу значеше за толку многу. Засекогаш ќе бидеш запаметени како шампион, какови што беше“, напиша Френсис Нгану.