ММА круговите се тресат од огромниот интерес насочен кон борбата на двајцата великани Ислам Махачев и Александар Волкановски. Двајцата веќе се судрија, но не во рингот, туку направија дуел на погледи.
Рускиот ММА борец, актуелниот шампион на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев, се сретна со својот иден противник, носителот на титулата во перо категорија Александар Волкановски во Сиднеј.
Махачев претходно отпатува за Австралија, каде ќе ја спроведе последната фаза од подготовките за борбата за титулата против Волкановски.
Ислам Махачев ја водеше последната борба во октомври минатата година против Бразилецот Чарлс Оливеира и победи со гушење, со што стана нов шампион на УФЦ во лесна категорија.
Борбата меѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски ќе биде главна на УФЦ 284 на 12 февруари 2023 година во Перт (Австралија).