ММА натпреварувачка претепа перверзен нудист

Натпреварувачката во сламка категорија на BRAVE FC, Марија Рибеиро, неодамна имаше интересна случка во родниот Бразил. „Вондер вуман“ (27) вели дека отишла во продавницата да купи производи кога налетала на перверзен нудист. Рибеиро истакнува дека нудистот бил на велосипед и решила да се соблече на сред улица, без обѕир дали го глдеаат и децата.

Тој се обидел да избега, но Марија и нејзините пријатели го бркале со автомобилот, а таа се стрчала боса по негом за да го нападне.

„Ја напуштив мојата куќа и се качив во автомобилот, а овој човек беше на велосипед и се соблече. Милиони нешта ми поминаа во главата во тие 10 секунди. Имавме три деца кои цело време си играа во дворот, мојот брат оди на работа, а секој ден дома има само жени и деца од 3 и 4 години. Замислете што ќе се случи ако се појави таа личност. Скокнав од автомобилот и почнав да трчам боса по него.

Почна да вика дека е невин, дека не сторил ништо. Го удрив и го соборив. Моите пријатели ме држеа, а тој крвареше на земја, па повикавме полиција и беше уапсен. Ме налути. Го гледаме светот во кој живееме денес и колку случаи на силување се случуваат. Знаеме дека ова се случува секој ден, затоа не можев да спијам ноќе ако не одев по него. Веројатно видел неколку жени и си рекол дека се беспомошни“, рече Бразилката за ММА Фајтинг.

https://www.instagram.com/p/B_gD2QAAn3W/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON