Понекогаш, интересни работи се случуваат во Русија, а тамошната ММА сцена не е исклучок.
Во ова видео можете да видите скандалозни сцени од ММА настанот Про ФЦ 57, кој завршува со брутално тепачка со луѓе кои влегуваат во кафезот.
Станува збор за дуел меѓу борците Шамил Абдулхаликов и Михаил Колобегов. Тензиите меѓу публиката се подигнаа кога нивниот миленик Абдулхаликов доминираше над противникот, а изгледно беше дека заслужено ќе ја добие борбата на поени. Се дојде до ситуација во која се наметна одржување на есктра (четврта) рунда, поради техничка грешка.
Губитникот Колобегов ја користи оваа шанса и со одлично летечко колено успева да го нокаутира својот ривал, добивајќи го мечот.
Победникот почнува да ја слави победата, а на него му се приклучува и човек од неговиот табор. Сепак, на големо разочарување на луѓето од штабот на Абдулхаликов, скокаат преку оградата и почнуваат вистинска тепачка во кафезот.
Набрзо им се приклучуваат и луѓе од публиката, кои исто така влегуваат во кафезот. Нокаутираниот Абдулхаликов, пак, нема поим што се случува, продолжувајќи да лежи во несвест.
Погледнете ја целата ситуација:
https://youtu.be/dD9ds7c9Dpc