Во недела во Прилеп ќе се одржи вториот натпревар годинава во мешани боречки вештини (ММА) „Крал Марко опен“.
На турнирот ќе учествуваат 10 клубови од Македонија и два од Србија (Белград и Краљево), така што натпреварот добива и интернационален карактер. На програмата се 12 ММА борби, поделени во два дела: воведни и главни борби. Во првиот дел ќе настапат натпреварувачи помлади од 18 години и без искуство, додека во главниот дел се борбите со поисксуните борци.
Од нашата земја ќе учествуваат клубови од Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар, Скопје, Куманово и Штип .
„Натпреварот има за цел собирање на искуство кај борците, тренерите и судиите. Дружење меѓу спортистите и промовирање на ММА спортот во Прилеп и Македонија .На почеток на турнирот ќе има три граплинг борби и 2-3 ревијални на млади членови кои за прв пат ќе имаат можност да го почустуваат адреналинот во салата. Ревијалните борби немаат натпреварувачки карактер. Од нашиот центар ќе учествуваат тројца учесници во граплинг и четворица натпреварувачи во ММА борбите. Имаме добра организација за натпреварот, исполнети се сите услови за одржување на еден ваков аматерски натпревар. Очекуваме добри и интересни борби, добро дружење помеѓу клубовите и спортистите“, вели Пеце Ангелески од ММА клубот Максам од Прилеп, кој се јавува како организатор на турнирот.
Ipon.mk/В.Д.