ММА херои при пукањето во Виена (ФОТО)

Двајца ММА борци се меѓу ранетите во терористичкиот напад во Виена откако од пукањето спасија една постара жена и повреден полицаец.

Реџеп Таип Гултекин и Микаил Јозер беа на местото на инцидентот во главниот град на Австрија кога стрелецот отвори оган. Двајцата истрчаа на местото на пукањето, а Реџеп ја однесе ранетата жена во блискиот ресторан. Неколку секунди подоцна, сепак, еден од куршумите на стрелецот го погодил во ногата, објави „Сан“.

„Кога се свртев, терористот беше насочен кон мене, се погледнавме едeн со друг и, во тој момент, немав страв и сомнеж. Благодарение на моите рефлекси, успеав да се стркалам на земја и да побегнам, истрчав во цик-цак и се спуштив по скалите, отидов во полициската станица и им раскажав што се случило“, изјави Реџеп за турскиот канал Ахабер, а го пренесе „Сан“.

При влегувањето во станицата, двајцата мажи видоа и ранет полицаец, кого го носеа на брзата помош оддалечена 200 метри.

„Не отидов во болница, затоа што раната на ногата не беше голема. Не сакав да создадам друга работа, бидејќи мислев дека може да има многу други повредени“, рече Гултекин.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Неамер го опиша убиениот осомничен како „симпатизер на ИСИЛ“ и рече дека се трага по неговите соучесници.

Во нападот загинаа четворица цивили, двајца мажи и две жени, а еден полицаец беше сериозно повреден во престрелка со терористи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON