ММА борец нокаутираше ринг-девојка (ВИДЕО)

titan-fc-40-udar

Ринг-девојка е нокаутирана од ММА борец, по што падна на паркетот во бессознание.

Дуелите во ММА борбите многу често знаат да бидат исклучително брутални, при што натпреварувачите воопшто не се штедат едни со други. Сепак, тие што се во рингот се навикнати на бруталноста и на секакви удари. Проблемот е кога паѓаат невини жртви, односно кога некој што никогаш немал допирни точки со ММА борбите ќе почувствува на себе гнев од овие борци.

Тоа ѝ се случи на девојка која влезе во рингот после една тешка ММА борба, во рамките на турнирот „Титан“.

Во мечот се сретнаа Фархад Шарипов и Ендрју Витни. Црномурестиот Витни, кој претходно однесе четири победи по ред, се шокира кога судиите одлучија неговиот противник да биде победник во тешката борба.

Витни збесна по таа одлука и силно замавна во воздухот. Но, ниту виде ниту очекуваше дека на патот на неговата рака ќе се најде ринг-девојката, која стоеше до него на рингот. Девојката доби удар директно во лицето и падна нокаутирана на паркетот. Сепак, за нејзина среќа, поминала само со помала повреда.

ВИДЕО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON