ММА борецот Марк Ентони Гонзалес му помогнал на полицаец откако го видел како се бори со човек кого се обидува да го уапси.
Со таа реакција, Гонзалес веројатно го спасил животот на полицаецот бидејќи снимката покажува дека заробениот човек, за кој подоцна се дознало дека се вика Џек Алберт Еванс, во еден момент ја ставил раката врз пиштолот.
Еванс на крајот бил совладан и уапсен со помош на ММА борец. Тој е обвинет за неовластена употреба на возило, обид за земање оружје и избегнување на апсењето. Бил подоцна ослободен со кауција од 101.000 долари.
https://twitter.com/Tr00peRR/status/1434903946124988417?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1434903946124988417%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fmma-borec-mu-pomognal-na-policaec-i-mu-go-spasil-zhivotot-video%2Fa492152
“Мирно му ги тргнав рацете од оружјето. Обуката за боречки вештини ми помогна мирно да реагирам во оваа ситуација и да му помогнам на полицаецот. Решив да реагирам бидејќи оценив дека е исправно во оваа ситуација”, рекол Гонзалес.