Љубителите на ММА видоа неверојатен пресврт на настанот BRAVE FC 47, што се одржа во Бахреин. Ибрахим Мане и Нурсутон Рузибоев се соочија во во средна категорија. Нивната средба беше доста интересна и Мане беше многу близу до победата.
Ибрахим зазеде доминантна позиција на теренот над Рузибоев. Сепак, Нурсутон најде сила во себе и ги сврте работите. Рузибоев успеа да се извлече од партер и да дојде во доминантна улога. Сепак, драмата не запре, бидејќи Ибрахим го фати со триаголник.
Ова исто така не успеа да го скрши Рузибоев, кој го крена Мане во воздухот и го тресна од земја (кажано со народен јазик), нокаутирајќи го, но тоа можеше да се претвори во голема трагедија. Ова беше трета последователна победа за Рузибоев, а Мане им се врати на поразите и рече дека е згрозен затоа што бил многу близу до победата.
https://www.youtube.com/watch?v=AlEaWqNYD5E