Искусниот ММА борец, Јасуби Еномото (39), имаше застрашувачки спаринг партнер на тренинг. Како дел од подготовките за мечот против Александар Шелменко во Москва, Еномото имаше спаринг со мечка во шума!
Еномото призна дека мечката ја добила борбата, но најважно е што помина без повреда со оглед на големината на дивото животно.
View this post on Instagram
„Го имав најсилниот тренинг партнер. За него беше 2:1. Том ме подготвува за борбата во Москва“, изјави Еномото.Снимката од оваа необична борба брзо стана вирален хит, а храбриот Еномото по борбата со мечката доби нова армија обожаватели.