ММА борец почина на 27 години

Светот на мешаните боречки вештини жали за загубата на талентираниот спортист Маркус Симс.

27-годишниот ММА борец се бореше во лесна категорија. Во текот на кариерата забележа 1 победа и 4 порази. Симс беше во серија од 3 порази. Потврда за веста за смртта на Симс дојде од Нејтан Леви, кој се бори за УФЦ.

Самиот Леви се соочи со Симс во кафезот за време на неговото деби во ММА на ЛФА 36 во март 2018 година. Тие се соочија во перо категорија која Леви ја доби со завршница за една минута и 25 секунди.

„Замина прерано. Маркус Симс, ми беше чест да го делам кафезот со тебе и да станам твој пријател.

Жал ми е што не можев да направам повеќе за да помогнам. Моето сочувство до семејството и пријателите. ПОЧИВАЈ ВО МИР. брат“, напиша Леви.

Нејтан Леви, исто така, ја истакна важноста од отворено решавање на проблемите со менталното здравје.

Тој ги повика сите да бараат помош и поддршка кога се справуваат со емоционална вознемиреност, нагласувајќи ја важноста од обмислени одлуки во тешки моменти. Иако точната причина за смртта на Симс останува неоткриена, зборовите на Леви навестуваат можно самоубиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON