Во светот на мешаните боречки вештини постои едно име за паметење – Робелис Деспејн од Куба.
Висок 2 метри и 1 сантиметар Деспејн(3-0) внесува огромна моќ во кафезот како тешка категорија, а неговите неверојатни нокаути го докажуваат тоа одново и одново. Робелис не е случаен, тој е бронзен медалист во таеквондо од Летните олимписки игри во Лондон 2012 година.
Во неговата претходна борба, Деспејн го нокаутира противникот за само 12 секунди на Фјури ФЦ 80. Меѓутоа, сега ја доби борбата четири пати побрзо.
На Деспајн му беа потребни само 3 секунди за да го победи Стиви Пејн за време на серијата 7 на Фјури челинџер.
Судијата даде знак за почеток, а двајцата се сретнаа во средината. Деспејн задададе разурнувачки висок удар кој веднаш го нокаутира Пејн. Деспејн удри уште еден удар пред судијата да интервенира, но тоа повеќе не беше потребно.
Ова е 3-та последователна победа за Деспејн во ММА.
FULL FIGHT!!!!
This has to be a Fury FC record!!#FCS7 pic.twitter.com/CqRV8MoeA2
— UFC FIGHT PASS (@UFCFightPass) September 24, 2023