ММА борецот Филип Келер се изјасни за виновен по обвиненијата дека ја убил својата партнерка Алиша Кампители. Судот на островот Мерит пресуди дека следните 50 години од животот ќе ги помине зад решетки, дознаваме од ММА џанки.
Келер ја уби Кампители во мај 2021 година, неколку пати подигна пари од банкоматите со нејзината дебитна картичка, но подоцна самиот повика полиција да се предаде.
Поранешниот борец на Титан ФЦ ќе има право на предвремено ослободување само откако ќе отслужи 25 години од казната.