Подмладокот на Таеквондо клубот Бутел имаше успешен настап на Меѓународниот турнир „Кондор опен 2018“ во Софија, Бугарија, освојувајќи 5 медали – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени.
Бутел настапи со тројца пионери и двајца кадети во класа А.
Медалите ги освоија:
Андреј Василевски, пионер – златен
Фросина Раевска, кадет – сребрен
Никола Ќокоровски, кадет – сребрен
Филип Блажевски, пионер – бронзен
Ангелка Стамкова, пионер – бронзен медал.
Ipon.mk