Џудо клубот „Дрим“ уште еднаш покажа дека е еден најдобрите клубови во државата кој на Државното првенсто за помлади пионери и млади сениори до 23 години освои 7 медали од 7 натпреварувачи – 4 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.
Помлади пионери
- Марио Нелоски -27 кг злато
- Андреј Симоноски -38 кг злато
- Димитар Донески -60 кг злато
- Христијан Глигороски +60 кг злато
- Андреј Велјаноски -38 кг сребро
- Берин Јудо Шабоски -42 кг бронза
Млади до 23 години
- Андреј Чакаровски -81 бронза
„Со овој успех ЏК Дрим уште еднаш покажа дека е убедливо најдобар во конкуренција на помлади пионери во Македонија“, велат од клубот.