Во Букурешт, Романија, се одржува Меѓународниот турнир во борење „Димитра Пирвулеску и Василие Јорга“ за У-20.
За Македонија на турнирот настапуваат:
-82 кг Љупче Митев и -87 кг Стефан Митев во грчко-римски стил;
-50 кг Марија Спирковска, -57 кг Марија Цветанова и -76 кг Стефани Николова во женско борење;
-57 кг Мехмет Усинов, -61 кг Јасин Адиловски, -65 кг Јован Атанасов, -70 кг Арбен Сејди, -74 Џахид Латифи, -79 кг Реџеп Тахири, -92 кг Илија Атанасов и -125 кг Теодор Ѓоргиев.
Турнирот е филтер за избор на репрезентацијата за настап на Европското првенство.