Младеновски пред Радник-Пинк Пантер: Раководните луѓе во Македонија не се заинтересирани за развој на спортот!

Во второто коло во Регионалната боксерска лига нашиот претствник Пинк Пантер од Штип во недела (26 март) и гостува на екипата на Радник од Бјелина во Босна и Херцеговина.

Да потсетиме дека во првото коло, штипската екипа загуби од Војводина/Спартак со 10-6, Радник во ја совлада екипата на Лазаревац Металец со 12-4.Во второто коло ќе се состанат Лозница- Славија и Сесвете- Лазаревац Металац.
Во пресрет на втората средба претседателот на клубот Илија Младеновски вели дека ќеифот да се потврдат квалитетите на македонскиоот бокс и во другите држави е посилен од се. Само штета е што во Македонија нема систем на натпревари за континуирани настапи на спортистите.
„За тоа не се виновни спортистите, или вљубениците во спортот, туку тие кои се наоѓаат на раководни места во органите и телата на спортските асоцијации.Тоа и ние сакаме да го докажеме. Тие не се заинтересирани за развојот на спортот, туку само за своите лични интереси. И затоа во Македонија и во Штип нема спорт“, вели Илија Младеновски.

Она што го направија штипјани е за почит, затоа што прифатија еден проект кој не сакаше никој да го преземе во Македонија. Тие од сопствен џеб ги плаќаат сите трошоци. за настапите во Регионалната лига. И не само тоа. Изработија и сопствен ринг..Најдоа и спонзори.
Неделниот противник е голем предизвик за штипјани. Тие веруваат дека можат да го направат и невозможното во Бјелина. Во домашната екипа ќе настапат петмина боксери кои неделава ги бранеа боите на БиХ на ЕП во Романија до 22 години. Тоа се боксери кои настапија во категориите до 64, 69, 75, 81 и плус 91 килограм.


„Во домашната екипа отскокнуваат Џемаил Бошњак, Алмадин Фатаховиќ и Дашо Симеуновиќ, кои учестуваа и на ЕП во Романија“, истакнува Илија Младеновски.
Во екипата на Пинк Пантер ќе има две, или три промени за разлика од првата средба. Капитенот на екипата Димитар Ташков ќе дебитира во апсолутна категорија, Дејан Ристевски до 69 и Никола Арсов.до 81 килограм. Во потешките категории, домашните се фаворити. Ташков ќе се сретне со најдобриот домашен боксер Дашо Симеуновиќ. Дејан Ристевски ќе има тешка задача во средбата со најдобриот боксер на БиХ, Алмадин Фетаховиќ.

Младеновски очекува добри резултати и од Денис Муаремовски, Гоце Јаневски и Александар Ристевски. Според Младеновски, еден од тројцата боксери треба да обезбеди норма за ЛОИ во Токио 2020 година.
Инаку, во сите 4 држави од каде доаѓаат клубовите и се одвиваат натпреварите во Регионалната лига се дава голем публицитет на средбите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON