Пинк пантер тим годинава е освежување во Младинската бокс лига освојувајќи го третото место со 53 бода, зад шампионот Фамилија Демирови со 93 и второпласиранта екипа на Пелистерски јунак.
„Пред почетокот на сезоната 2024, кога почнавме да правиме екипа и сите имиња синоними за бокс во Штип повторно се собравме заедно – сега во редовите на БК Пинк пантер тим. Официјално го ангажиравме селекторот Петре Чурлиновски за тренер на клубот, и тоа кога имавме само двајца официјални боксери“, вели Илија Младеновски, еден од основачите на клубот, заедно со Димитар Ташков, и додава:
„На основа на тимот, во управата, која сега беше тука заклучивме“:
– 2024 на 3-то место;
– 2025 на врвот на табелата!
За сега сѐ е по планот“!
Младеновски истакнува дека за наредната сезона се уште по мотивирани.
„Како еден од основачите и надзорен орган во клубот, најголема благодарност сакам да упатам до целиот тим: боксерите – Александар Панов, Иса Бајрамов, Сандра и Мила Ѓорѓиеви и помладите боксери во клубот; тренерите – Петре Чурлиновски , Славе Денков и Дарко Денков; Управата на клубот – претседателот Димитар Ташков, Ристе Грбев и Баже Донев; секретарот на клубот – Димитар Белиќ“.
Илија изразува благоидарност и до другите два клуба од Штип, БК Фамилија Демирови и БК Штип за конкуренцијата и коректната соработка, како и спонзорите – Урбаниста хотел, дискотека Клик, Нова кафе и Бокснингс Ринг.СЕ! Потоа за медиумите М-Нет ТВ, ТВ Стар, Штипски асови и Ипон.мк..
Младеновски не ги заборава и поранешните боксери и другари кои секогаш му помогаат на клубот – Таше Ташков, Изет Асанов, Александар Денков, Трајан Коцев, Мејдин Бајрамов, Никола Арсов, Севен Дурмишев, Викторија Варадинова, Иле Грбев, Тони Тричковски, Мартин Алексов, Алиџан Демиров и Ерџан Демиров, Мартин Џонов…
„БК Пинк пантер се враќа на старите патеки, а со тоа и боксот во Штип на врвот на спортскиот пиедестал“, констатира Младеновски!