КФМ доби уште 5 лиценцирани тренери од ВКФ (ФОТО)

Jovan so espinoz i debenak

Карате федерацијата на Македонија доби, некои ги обновија, тренери со сертифицирани лиценци за водење на натпреварувачи на Карате 1 Премиер лигата и за Светските првенства на Тренерскиот камп на Светската карате федерација (ВКФ) во Умаг-Хрватска.

Karate sudii vo Umag 2016

Со акредитирани лиценци се здобија: Јован Лазарев (КК Цветна Димов), Мирче Јанушевски и Амир Беговиќ (КК Металург).

Тоа се лиценци со кои може да се водат натпреварувачи на натпревари од Премиер лигата. Додека второто ниво на лиценци се сертифицирани лиценци за кои се полага и со кои може да се водат натпреварувачи на светските првенства.

Veton murati so espinoz umag 2016

За оваа лиценца полагаа и положија: Јован Лазарев, Мирче Јанушевски, Ветон Мурати и

Таип Гафури (КК Шкендија).

Gafuri so espinoz i umag 2016

Семинарот го водеше Примож Дебенак, претседател на Судиската комисија на ЕКФ и член на Судиската комисија на ВКФ.

Дипломите свечено ги додели претседателот на ВКФ, Антонио Еспиноз.

На семинарот учествуваа 120 тренери од Европа, Азија, Австралија, Америка и Африка.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON