Мјеведер посакува бокс реванш со Мек Грегор

Флојд Мејведер, поранешен светски шампион во боксот, изјави дека ќе се согласи на реванш со ММА борецот Конор Мек Грегор, но не во октагон, туку во боксерски меч.

Мејведер излезе од пензија во август 2017 година за да се бори против Мек Грегор и победи со нокаут во 10-тата рунда. Мек Грегор тогаш се согласи да го направи своето деби во боксот.

Непоразениот Мејведер не е активен откако го победи Теншин Насукава на егзибициски натпревар во декември 2018 година.

„Сега работиме на некои борби во Токио, за 2020 или 2021 година. Не, нема да се натпреварувам во ММА. Мислам дека најуспешните тимови имаат предност на домашен терен во плеј-офот … Не го поправај она што не е скршено, а мојот рекорд не е срушен“, изјави Мејведер за „Форбс“.

Мејвердер ги има освоено сите 50 професионални натпревари од своето деби во 1996 година и беше светски шампион во пет тежински категории.

„Засега, јас сум среќно пензионирам. Никогаш не знаете, но треба да вреди. Како коцкање, нели? Тоа е сок кој вреди да се исцеди, без оглед кој е противникот“, изјави Мејведер за мечот со Мек Грегор, јавуваат британските медиуми.

Од средбата со Мек Грегор, 43-годишниот Мејвердер заработи 275 милиони долари, а Ирецот 85 милиони. Минатиот месец, по трет пат во последните четири години, Мек Грегор објави дека се повлекува од УФЦ, неколку недели откако рече дека реваншот со Мејведер е „неизбежен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON