Како што објавивме синоќа, очекувано или не, Али ел Амери и Бобан Илиоски понудија една од најспектакуларните пресметки за време на СЕНШИ 16 во „Палатата на културата и спортот“ во Варна, која, за жал, зарди повреда му припаднана Мароканецот.
Тренерот Дејан Митровски за борбата на Илиоски вели:
„Боби иако ја водеше борбата и во прва рунда двапати на противникот му зададе силен удар па што имаше две броења едно по друго на самиот крај на рундата. Во втората рунда во првата минута Боби не беше внимателен и доби удар со колено во аркадата, стекнувајќи се со повреда, голема расекотина, по што судијата ја прекина борбата. И, за жал, Илиоски го загуби мечот“.
Митровски вели дека противникот бил стар и искусен борец.
„Но, тоа не му претставуваше проблем на Боби. Проблемот беше момент на негово невнимание, по што прими удар, а како резултатна на тоа следеше повреда“.