Македонските репрезентативци освоија две бронзи на Светското кик бокс првенство во Анаталија, Турција. Со бронзи се зактитија Димитар Горгиев и Климент Гроздановски во кик лајт.
Селекторот на македонската кик бокс репрезентација Дејан Митровски – Урко го оценува настапот на ова Светско првенство и вели дека нашиот билнас можеше да биде подобар и посјаен да не беа судиските пристрасности.
„Се враќаме со две бронзи, иако ситници фалеа за сребро и злато. Секогаш може подобро кога не го земаме златото. Но, во целина, нашите борци добро се бореа со мали пропусти во тактиката. Сепак, важно е дека беа подготвени за се што им беше кажано од наша страна од тренерскиот агол за време на борбите. Се што беше секундарно се спроведе и изврши од нивна страна. Тоа говори за техничко кондиционата истренираност и психичка подготвеност на нашите натпреварувачи. Со настапот на Светското првенство за оваа година ги завршивме настапите на официјалните меѓународни првенства“, истакна Митровски.
Тој е убеден дека идната година ќе имаме многу поголеми успеси.
„Од следната година ветувам дека ќе имаме многу поголем успех, а дотогаш ќе работиме повеќе со натпреварувачите, но и со нашите судии, за да имплементираме што повеќе наши судии да судат на вакви меѓународни првенства, така би имале поголемо влијание во борбите да се одвиваат без судиска пристрасност“, заклучува Урко.
Димитар Ѓоргиев – Емануел Смолек (Унгарија) 3-0
Димитар Ѓоргиев – Михаел Голоб (Австрија) 3-0
Димитар Ѓоргиев – Един Вуцељ (БиХ) 1-2
-89 кг
Климент Гроздановски – Али Багирзада (Азербејџан) 3-0
Климент Гроздановски – Ањело Јаноне(Италија) 2-1
Климент Гроздановски – Пјотор Випчал (Полска) 0-3
Ipon.mk