Митровски: Кикбоксот во последниве години е најтрофеен, најмасовен и најуспешен спорт во нашата земја и е национален спорт број 1

По повод изборот на најдобри спортисти, тренер и екипа на Град Скопје во 2023 година во организација на Град Скопје и Сојузот на спортови на град Скопје, свој осврт даде изјави претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко.

„Упатувам  благодарност до Град Скопје и Сојузот на спортови на град Скопје за наградата –  „најдобар тренер“ во 2023 година. Воедно, се заблагодарувам и од името на Бобан Илиоски кој е прогласен за најдобар спортист сениор, а е кик бокс натпреварувач член на КБК Шампион од Скопје; Силвио Мировски – „најдобар млад спортист“, кик бокс натпреварувач член на КБК Гладијатор од Скопје и Мери Акиевска – „најдобра спортистка сениорка“, бодибилдинг и фитнес натпреварувачка член на Фитнес клубот Магнус, Скопје.

Сојузот на спортови на Град Скопје и Градот Скопје секогаш знаеле како да ја наградат работата и успехот на нас спортистите и тренерите од скопските клубови. Ние овие награди ги доживуваме како потврда за нашиот досегашен труд, посветеност и успех. Истите претставуваат поттик за идна уште поголема работа и постигнување на поголеми резултати. Нашите спортисти и јас како нивни тренер на светско ниво докажавме дека сме најдобри во светот на кикбоксот и фитнесот, но овие награди се доказ дека сме најдобри од сите спортови и во нашиот град. Кикбоксот во последниве години е најтрофеен, најмасовен и најуспешен спорт во нашата земја и е национален спорт број 1. Доказ за тоа е и фактот што од вкупно пет номинирани категории, трите први места ги земаа претставниците на кикбокс спортот – најуспешен тренер, спортист сениор и млад спортист. Особено сум горд на овој успех и наградите и ветувам уште идни медали и признанија“, изјави Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON