Аман, дајте ми некој да се борам, и порача Мек Грегор на УФЦ!

Конор Мек Грегор ги повика УФЦ конечно да му закажат борба.

„Момците во Саудиска Арабија зборуваат за борбата со Мани Пакијао, но УФЦ не кажува ништо. Дајте ми некој! Требаше да се вратам во декември, а потоа требаше да се вратам во април. Ниту еден борец никогаш не бил третиран како мене. Сите бројки покажуваат дека продавам повеќе од сите заедно. Треба да закажат некоја борба. Чекам, но моето трпение е при крај“, изјави поранешниот двоен шампион во УФЦ.

Мек Грегор последен пат се бореше во летото 2021 година, кога загуби со технички нокаут од Дастин Поаре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО