„Диме во текот на сите три рунди ја контролираше борбата и победата беше очекувана“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко за освоената титула на Димитар Ѓоргиев на Светското првенство во кик бокс во Италија, која е четврта по ред.
Ѓоргиев во финалето го совлада Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3-0, при што покажа каркатер во борбата и ја диктираше цело време.
Селекторот Митровски вели дека Димитар-Диме останува нашиот најголем адут за дебито на кикбоксот на Олимписките игри.
Од друга страна, Митровски истакнува дека во Лидо де Џесоло нашите репрезентативци добиле поддршка и генералниот конзул на македонската амбасада во Италија и неговиот тим, Стојан Витанов.