Митров поразен во борбата за бронзениот медал на „Дан Колов“

 

Mitrov za 3 mesto na Dan kolov

Дејан Митров во борбата за третото место на Меѓународниот турнир во борење „ Дан Колов“ во Софија е совладан од Монголецот Батболд Номин со туш, при што нашиот борач имаше незгоден пад. Тој го освои 5-тото место

Претходно Митров славеше против Молдавец Андреј Перпелита  и нашиот Јасин Реџалари. Митров го победи двократниот европски првак Препелита со 2-1, а во второто го совлада вториот македонски натпреварувач во оваа категорија, Јасин Реџелари. Во наредниот дуел загуби со технички туш 0-10 од Бугаринот Борислав Новачков, носител на медал од СП. Додека Јасин Реџелари во првото коло во истата категорија го совлада Џанлука Таламо од Италија.

Да потсетиме дека вчера Елмедин Сејфулаху загуби од Белорусинот Ричинау Димчук со 2-11 и го освои 14. место во конкуренција на 20 борачи во категоријата до 57 кг, а олимпискиот стипендист Бобан Данов во категоријата до 125 кг загуби во првата рунда со технички туш 0-10 од Кинезот Денг Жвеи, кој подоцна беше најдобар во оваа категорија. Данов го освои 8. место меѓу 12 борачи.

Завчера, Лабазан Аскербиев го освои петтото, Иван Јанев 11-то место, а Менка Стојановска загуби во дебито на меѓународна сцена, но сепак го подели третото место, бидејќи во најзината категорија до 53 кг учествуваа само четири борачки.

Борбата на Митров е околу 1:55:30.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON