Македонија има двајца борачи во „Топ 20“ на светската ранг листа за борачи за 2015 година на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW).
Дејан Митров во категоријата до 70 килограми е на 17 место, а Халил Зубаиров во категоријата до 86 клиограми е на 18-то. На двајцата во прилог им одат освоените први места на Македонскиот бисер во Радовиш кој е во календарот на ОСБ.
По долго време нашата земја има борачи во Топ 20 на ОБС, факт кој радува пред Европските игри во Баку-Азербејџан.
ipon.mk/В.Д.