Хозе Алдо: Зделката со Рибок е многу проста и на штета на борците!

jose-aldo-corner

Хозе Алдо воопшто не ги крие своите мисли во однос на неодамнешната зделка на УФЦ со Рибок. Откако беа објавени финансиските услови за борците, многу од нив останаа незадоволни.

Шампионот во перо категорија исто така не остана рамнодушен.

„Пред сè, тоа е целосна едноставност. Секој зборува за неа. Ние, борците, многу губиме. Рекоа дека ќе бидеме како НБА или НФЛ, но тоа воопшто не е точно, бидејќи не ни плаќаат месечно, како што е таму. Не е важно колку ни даваат, бидејќи сите спортисти кои имаа спонзори, сега губат пари“.

Миша Тејт изјави дека ќе губи 80 отсто од парите кои доаѓаат од спонзорство и смета дека оваа зделка ги казнува женските натпреварувачки. Брендан Шауб, пак, изјави дека земал 100.000 долари од спонзорство, а сега од Рибок ќе зема 10.000 долари.

„Ова е голем минус за нас. Живееме за секој дуел и треба да продолжиме да се бориме, барем три пати во годината. Договорот е добар за УФЦ, но не и за борците. Гледам дека многу од нив се жалат дека губат од ова“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО