Давид Мишев во дебитанскиот настап на Светското првенство во борење за кадети во Загреб, Хрватска, е поразен. Мишев загуби од Казахстанецот Бекзат Жалгасов со технички туш од 0-10.
Нашиот борач беше немоќен, при што пресилниот Жалагсов работата ја заврши за 30 секунди.
Утре настапуваат преостанатите тројца борачи:
-45 кг Бесир Алили – Ахмет Јуџел (Турција)
-51 кг Аид Салихаси – Андриј Терзи (Украина)
-60 кг Филип Тасев – Гуелбел Џош Форчн Пенан (Брегот на Слоновата Коска)
Да потсетиме дека Бесир Алили на Европското првенство за пионери во Скопје го освои сребрениот медал, но тој е еден од најмладите во својата категорија.
Ipon.mk