Мишел Вoтерсон со поделена одлука ја совлада Анџела Хил

Мишел Вoтерсон со поделена одлука на судиите ја совлада Анџела Хил на УФЦ Вегас 10 што се одржа во Лас Вегас.

Натпреварувачките во сламка категорија водеа здрава борб, при што средбата беше изедначена, а победата можеше да и припадне и на свете, но судиите се определија за Вотерсон (47-48, 49-46, 48-47) /.

На почетокот Хил почна многу агресивно и задаваше тешки удари. Мишел бараше соборување, но Анџела се бранеше и двете влегоа во клинч. Анџела беше во нејзините води и ја напаѓаше Мишел во клинч. Хил постигна две моќни крошеа со кои ја разниша Ватерсон, но таа остана во борбата. Мишел почна да се опоравува и удираше со нога, по што се обиде да ја пренесе борбата на партер, но не успеа. Хил го искористи ова и одеше во клинч, каде што палсираше крошеа и удари со колената.

Во првите две рунди, Хил имаше предност и според мнозинството ги доби. Во третата Анџела успеа да го раскрвари носот на Вотерсон, која конечно успеа да ја пренесе битката на партер, почна да ја казнува Анџела со граунд и паунд. Во четвртата рунда Мишел ја собори Хил, а таа покажа добра одбрана од соборување. Во последната, Мишел удираше, а Хил возврати на ударите. Вотерсон со удари ја држеше Аџгела на растојание, а Хил се обиде да ја скрати дистанцата.

Тие разменија неколку тешки удари и борбата заврши. Судиите оценија дека Мишел направила доволно и пресудија во нејзина корист. Со оваа победа Мишел се врати на победите и запире серијата од два последователни порази. Хил по втор пат загуби со поделена одлука и влезе во серија порази. Ова беше нејзина 4-та битка во 2020 година во која забележа 2 победи и 2 порази.

Резултати на УФЦ Вегас 10:
Мишел Вотерсон – Анџела Хил поделена одлука (47–48, 49–46, 48–47)
Отман Азаитар – Хама ТКО (Р1, 1:33)
Роксана Модафери – Андреа Ли едногласна одлука (29-28 x3)
Ед Херман – Мајк Родригез завршница (кимура) (Р3, 2:41)
Боби Грин – Алан Патрик едногласна одлука (30-27 x3)
Били Кварантино – Кајл Нелсон ТКО (Р3, 0:07)

Воведни борби:
Сијара Јубенкс – Хулија Авила едногласна одлука (29-27 x3)
Кевин Крум – Рузвелт Робертс завршница (гилотина) (Р1, 0:31)
Александар Романов – Рок Мартинез завршница (рачен триаголник) (Р2, 4:22)
Џалин Тарнер – Брок Вивер завршница (давење од позади ДОП) (Р2, 4:20)
Брајан Барберена – Ентони Ајви едногласна одлука (30-27 x2, 29-28)
Сабина Мазо – Џастин Киш завршница (ДОП) (Р3, 3:57)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО