Миша Тејт нема намера да се враќа во октагонот

Популарната ММА ѕвезда Миша Тејт нема намера да се враќа во октагонот.

Гласините околу нејзиното повторно појавување во кафезот почнаа да кружат откако УФЦ воведе нова категорија, која е многу погодна за неа. Тејт ја заврши кариерата по поразот од Ракел Пенингтон.

„Во моментов сум среќна. Имам можност да се запознаам подобро. Да не бидам само жената борец. Уживам во целиот процес на трансформација во мојот живот. Не само што немам планови за враќање, но немам и желба“, вели Тејт.

Тејт забележа 5 победи од 9 натпревари во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON