Мирза Сендиќ ја извојува првата професионална борба во ММА против Изет Орлиќ од Босна и Херцеговина на турнирот во Велес „Ноќ на вечните- засекогаш со вас“ со лост (полуга) во првата рунда.
Орлиќ се обиде да зададе висок удар, но Сендиќ го искористи тој момент и го пресретна,го чистеше и во партер беше во доминантна позиција, задавајќи му серија на удари. Се кренаа и двајцата, а Мирза го собори уште еднаш и му направи лост (полуга).
Мирза Сендиќ е од Клубот за мешани боречки вештини Самурај од Штип, каде што е и тренер.
За првата професионална победа во ММА Сендиќ вели:
„Задоволен сум од исходот на борбата и тоа што немам никакви повреди по истата. За противникот знаев дека е кикбоксер, затоа и не сакав да ризикувам и да се борам со него во тој сегмент. За среќа, сите коцки се поклопија и се испадна во најдобар ред“.
Од Самурај посочуват дека следната борба на Мирза Сендиќ ќе биде во Прилеп,доколку дојде до организација на истиот или во Република Хрватска, ако успее да ја намали тежината и влезе во категоријата до 70 килограми.
Тој сака да и се заблагодарува на спонзорите кои финансиски го помогнаа во подготовките за оваа борба, како и на тренерите Дејдан Богданов и Гордан Николов, Мартин Михајлов, Борче Пачемски и спаринг партнерите Боби Коцев, Дејан Петриќ, Никола Арсов, Иван Трајчев, Дарко Рунчев, Дарко Јорданов, Хајрудин Сендиќ, Мики Николов и Александар Донев.
Од друга страна, тој истакнува дека организацијата на турнирот била на високо ниво под раководство на Раде Стафановски и Клубот за боречки вештини Будо од Велес.
Ipon.mk/В.Д.