Ќе бидеме сведоци на голема борба во перо категорија на УФЦ Фајт најт 155 на 13 јули во Сакраменто, Мирсад Бектиќ ќе бори со Џош Емет.
Бектиќ има скор од 13-1 ММА и успеа да добие 6 од 7-те битки во кафезот. Во 2017 година загуби за прв пат во кариерата од Дарен Елкинс кој го нокаутира во третата рунда.
До денес Мирсад е во серија од 2 последователни победи, а во последна борба, во јуни минатата година, го победи со одлука на судиите Рикардо Ламас. Емет е аут од кафезот цела година, откако загуби на брутален начин од Џереми Стефенс, па мораше да се лекува. Сепак, се врати во март со страотен со нокаут над Мајкл Џонсон во третата рунда, меч што губеше на поени.