Мирко во мечот со Косака заработи незгодна повреда

Иако мечот траеше нешто повеќе од една минута, а тој излезе од него како убедлив победник, Мирко Филиповиќ се врати од Јапонија со несреќен повреда што ја заработи против Косака.

Легендарниот борец на аеродромот во Загреб на новинарите и откри дека при еден удар ја повредил раката. Причината е чудното правило според кое борците во Ризин речиси не смеат да ги бандажираат рацете пред да ги стават ракавиците.

„Не дозволуваат бандажирање на рацете и тоа не ни помага. Само два круга со таа мала газа, ракавиците се премали и шаката е гола. Тоа нема никаква смисла. Со тоа само ги загрозуваат рацете на борците. Не знам зошто тоа е така“, се пожали Филиповиќ.

Засега не знае колку е сериозна повредата на Мирко и колку ќе му треба да се врати во полн тренинг.

Cro Cop откри дека можеби во Ризин би направил дури два меча пред онаа завршната во Саитама супер арена за Нова година 2018 (односно дочекот на 2019-та) година.

„Следниот меч би требало да биде во април, но го поместиле за мај. Предолго ми е да чекам до десетиот месец, но сè уште не ги знам сите термини на борбите“, открива Мирко.

Филиповиќ сигурно има многу причини да биде задоволен по овој новогодишен „излет“ во Јапонија. Убедливо го совлада својот противник за нешто повеќе од една минута, ја продолжи низата без порази на неверојатни осум мечеви и за прв пат на една борба го водеше својот син Иван.

Само оваа повреда на раката малку ќе му го расипе совршениот почеток на 2018 година!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON