Мирко има нов тренинг партнер! Го посети поранешниот двократен противник!

Мирко Филиповиќ изненадувачки доби ново лице во неговата сала, а тоа е неговиот двократен противник, Сатоши Иши, кој во неделата пристигна во Загреб, каде што ќе тренира некое време.

Штом го најави своето пензионирање, Филиповиќ рече дека ќе продолжи секојдневно да тренира и дека ќе им помога на потенцијалните борци со неговото искуство. Така продолжи да работи во својата сала и со својата екипа, за наеднаш да им се приклучи на неочекуван гост. Нешто за тоа пренесе самиот Мирко на својот Фејсбук профил:

„Морам да признаам дека ме изненади пораката на мојот двократен противник и двоен олимписки шампион во џудо, Сатоши Иши, во која изрази желба да тренира со мене. Се согласив и веќе во неделата пристигна во Загреб. Тој е прекрасен човек и врвен спортист, а сите нас во салате не освои со својата скромност и понизност, ќе ми биде задоволство да го подготвам за следниот настап во Токио, на Ризин на 16 април! П. С. Кимонот е на мене е само заради шега“.

Ова е знак дека Мирко по операцијата закрепнува многу добро. Се надеваме се повеќе добри и перспективни борци од сега ќе доаѓаат по искуство кај еден од најголемите тешкаши во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО