Хрватскиот ММА борец Анте Делија со победа против Денис Голцов се пласира во финалето на турнирот во тешка категорија на ПФЛ, а на 27 октомври ќе се бори за шампионскиот појас и наградата од милион долари против Бразилецот Бруно Капелоца.
Анте беше многу емотивен во октагонот и во еден момент плачеше и го гушна својот тренер Мирко Филиповиќ. На прес -конференцијата, дубровничанецот посебно му се заблагодари на Кро Кап:
„Мирко верува во мене од првиот ден и ми дава дополнителна сила, а без него не знам како би завршила борбата. Ти благодарам за се“.
Победата на Анте многу значи за Мирко, а доказ за тоа е објавата на Кро Кап на Инстаграм.
„Честитки до мојот Анте за најголемата победа во неговата кариера. Голцов е навистина врвен борец и беше огромен фаворит, но Анте успеа да ја помине и таа пречка. Сега следува една недела одмор, а потоа подготовки за финалето и реванш натпреварот со Капелоцо.
Навистина не познавам никој што заслужил повеќе да го освои појасот на организацијата во која се бори и да ја обезбеди иднината на своето семејство со освоената награда, во овој случај милион долари. И Анте ќе го стори тоа. Затоа што е ѕвер, затоа што живее за тоа и затоа што го заслужи со својата крвава и напорна работа.
Ви благодарам на сите за поддршката пред и после борбата“, напиша Мирко Филиповиќ.