Интервјуто со легендата на македонското, југословенското и светското карате, Мирче Опеловски, е правено пред 12 години, како дел од четвртиот број на магазинот за боречки вештини „БОРБА“, затоа не сакав ништо да мненувам, туку сакав во оригинална форма да го пренесам. Можеби некои работи ќе ви бидат нелогични од временска дистанца и од граматичка страна, но заради оригиналноста го оставив така, без интервенции, туку само со вовед. Идеите и разговорите за карате секогаш се интересни, но и можност некои работи да се согледаат од временска дистанца. Топло го препорачуваме интервјуто со сенеи Мирче Опеловски за сите каратеки каде и да се!
Колку доби а колку изгуби карате спортот со преориентацијата на традиционалното во спортско карате и промената на правилата?
– Првите спортски правила се направени во Токио, Јапонија, некаде околу 1955-1957 година, со мисла да се популаризира каратето преку организирање на јавни манифетсации и наптреварувања и во исто време да не го изгуби својот квалитет. На почетокот, односно до 70-тите години, таа идеа со организирањето на меѓународните првенства каратето се вброи меѓу петте најпопуларни спортови во светот. Се разбира дека проблем е квалитетот. Кога се борите до еден поен психологијата е друга. Во апсолутна категорија на сите им се дава подеднаква шанса, без разлика на тежината, да победат. Но ако борбата е до три или шест поени не може да се случи натпреварувач со 65 килограми да победи противник преку100 килограми.
Колку држи забелешката дека Европејците намерно ги смениле првилата и борбата до еден поен ја преиначиле до три, односно шест поени, само за да може да ги победуваат неприкосновените Јапонци по стариот начин на натпреварување?
– Мислам дека и додека натпреварите се одржуваа по старите правила тие веќе имаа проблеми, затоа што 1970 година Франција ја победи Јапонија. Но, тука имаше политички проблем, за кој не сакам да зборувам. Секоја промена има и добри и лоши страни. На пример, сега од еден клуб од натпреваручите може да освојат повеќе медали, бидејќи натпреварувањето е во повеќе тежински и повеќе возрасни категории, а не како порано, кога имаше само јуниорско и сениорско првенство во апсолутна категорија, додека подоцна се додадоа уште три категории. Жените немаа борби и беа само пасивни гледачи, додека сега е многу поинтересно, затоа што и тие се вклучени во овој процес. Сега проблем се јавува ако натпреварувањето е во еден ден, тогаш кај гледачите се јавува монотонија, бидејќи тоа трае 12 часа, наместо да биде 2-3 часа. Според мене, сите квалификации треба да се одржуваат од сабајле без публика, додека полуфиналето, како што е во Италија, односно се прави како свеченост а не само борба, што подразбира дека се придружува со музичко-сценски настапи и ефекти.
Се почести се тврдењата дека спортското карате нема допирни точки со традиционалното. Како човек кој е добро упатен во карате спортот, можете ли да ни кажете колку се наместо ваквите тврдења?
– Мислам дека нема проблеми во тоа, туку проблем е самиот инструктор. За да вежбаш традиционално карате потребен ти е фонд на техники и време за обука. Спортскиот дел на каратето трае, максимално до десет години, додека традиционалниот дел доаѓа потоа, кога ќе се стекне солиден авторитет и степен на појаси – втор и трет. Тогаш техниките се влезени во рефлекс и не си оптоварен со спортско натпреварување и можеш да го работиш изворното карате, бидејќи ја разбираш и внатрешната суштина на техниките, а не само надворешната. Овие повторувања и вежбања карате, треба внатрешно да не облагородат, а тоа не може да се случи додека се натпреваруваме, односно има бобрба човек против човек. Бобата е едно средство да се оди понатаму и лично да се облагородиш, а не да ти биде последна цел, како што е во некои организации и стилови, само да се освои некој медал. Знаеме дека и во каратето, како и во другите уметности, па и борбени умтености, по педесетата година од животот ментално и духовно си најзрел. Се разбира, кај некого опаѓа духот, па и кај каратистите, но токму во овој период треба да посветиме повеќе внимание на традиционалното, кое се изучува и преку следењето на другите вештини наоколу, но не трендовски, зашто тоа е различно од традицијата.
Се почесто се поставува прашање дали каратето е спорт, вештина или филозофија.
– На тоа гледам како на различни фази. По патот, колку е позрел човекот, на крајот доаѓа до филозофијата. Има од се по нешто. Има и филозофија, но таа прво треба да се поткова за да има за што да дискутираш. Помалку е жално што многу е нагалсено класифицирањето. Тоа ми го пренесуваат инструктори од поранешна Југославија кои работат во Италија. Тие велат дека таму некои клубови работат само борби, при што 80 отсто од тренингот е посветен токму на овој дел, додека други работат само кати, и тоа како посебна дисциплина, не гледајќи го како заедничко.
Многу години сте (бевте) прв асистент на шихан Таиџи Казе, па како се стигнува до така значајно место и што значи да се биде прв соработник на еден голем мајстор на каратето. Што протежира Светската карате шотокан академија (ВКСА) на Казе?
– ВКСА во поново време се нарекува “КАЗЕ ХА шотокан јо”. Оваа Академија е основана со распаѓањето на Јапонската катарате асоцијација (ЈКА), односно со одењето на најстариот шеф на јапонски инструктори Накајама. Во оваа организација неколку години имаше организациони проблеми. Сите светски инструктори се собираа да решат кој ќе продолжи да ја води оваа организација, а бидејќи не можеше да се најде заеднички јазик, тогаш, со право, повеќе инструктори од највисок ранг направија свои организации. Мислам дека кај сите нив, од почеток, целата работа не беше од комерцијлани побуди, туку од идеал. И Казе сенсеи, во ова време 1990/91 година, сакаше повторно да го промовира Јошитака Гичин, кој го модернизираше каратето во периодот од 1937 до 1945 година. Потоа со спортското карате, неговата идеа беше поставена во заден план. По собирањето на сите инструктори кои се здобиле со некое реноме, црн појас од трети степен па нагоре, оформивме Академија. Првата средба беше во Белгија, а поради популаризација на Академијата и каратето што го протежиравме, го менувавме местото на состанување. Имаме две средби годишно и работиме на барање на тајните на сите техники што досега сме ги работеле, на духовната состојба на секој поединец. Мислиме дека ние 100-150 инструктори од трети до седми степен можеме многу повеќе да помогнеме на светското карате ако го подигнеме нивото на инструктори, а тие преку нивни асистенти и инструктори ќе го прошират понатаму и на тој начин ќе го подигнеме квалитетот. Додека со спортското карате се увежбува еден мал фонд на техники и школување на тајмингот, со кои може да се стане светски првак. Не знам дали се сеќавате на една изјава на сенсеи Казе во 70-тите години, кога рече:”Дај ти ми еден црн појас јас ќе направам светски првак од него за година-година ипол”. Знаеме дека некои каратисти со 5-7 годишно вежбање станаа светски прваци. Но тоа не е лимит, туку добар почеток на понатамошно вежбање.
Што е Казе ха, нов правец или…?
– Тоа не е нов правец. Ние вежбаме шотокан стил, што во последно време не се потенцира толку како порано. Мислам дека веќе е омекнат односот кон стиловите и на тоа не гледаат како на баук. Со вежбањето на Казе, по години на тренирање- 50 години карате, кој од 1964 гоидна е населен во Париз. Голем број на инструктори, ако дале големо значење во шотокан каратето, секако, полека ама постепено се наметнува еден личен стил. Бидејќи ние преку сенсеи Казе ги пронаоѓавме тајните на јапојнското карате, а не преку шотокан. На прмиер, мистер Шотокан се вика Гичин. Ние не го знаеме сенеи Гичин, туку преку Казе го запознаваме каратето. И ние, неговите најблиски асистенти, се собравме 1992 година и сенсеи Казе го промовиравме во шихан, односно носител на девети дан црн појас, што значи најголемо звање во каратето. Само еден човек, според кој се препознава одреден стил, се нарекува шихан. „Ха“ е обележјето. Ние ниту најмалку не се одрекувавме од шото. Значи во секоја техника треба да има стабилност и движечка опција, но на казеов начин. Сите ние што го пратиме ова, значи сме казеови студенти, но се подразбира дека школата е шотокан. Понатаму, ако има некој, можеби, но не мора да значи дека оваа генерација може, односно асистент, да продолжи да работи со името ха. Ха е нешто специјално.
Во шотокан стилот не се употребуваат многу техники со отворена рака, додека сенсеи Казе направил еден систем на вежбање на карате со отворена рака. Инаку, како што вели тој, затворената рака многу потсетува на боксот. Знаете дека кунг фу и другите стари боречки вештини, обично се работат со отворена рака. Јапонското тврдо, силно карате, плус отворена рака, е една карактеристика на Казе ха школата. Значи, отворена рака, многу добри блокови со кои се разбива противникот, без специјални напади, додека во спортското карате е увежбување на поен, односно на напад. И, се разбира, движењето. Неверојатна динамика на движењето. Синхронизација на дишења, блокови и движења во простор.
Во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век кај нас имше една поделба на шотоканци и вадорјанци. На што се должеше таа поделба?
– Тоа беше производ, односно првите учители беа многу заразени од тој вирус да ги пратат тековите на интересите на нивните учители, професионални и економски, коешто се отсликуваше и во Македонија и во тогашна Југославија. Меѓутоа, со спортските натпревари ние на некој начин се доближивме со луѓето од вадорју стилот. Од ова е направен и еден виц. По натпревар се среќаваат шотоканец и вадорјанец и разговараат, потоа претставникот на шотокан стилот да рече: „Еј, па и овие вадорјанците се фини луѓе“. И самите ние сфтативме дека и противникот се поти, иако е од друг стил. И ти сакаш да победиш, а и тој го сака истото. Нема добар стил, има лош толкувач. Праксата покажува дека и послаб инструктор вади добри ученици. Тоа значи дека е многу важен пристапот.
Сенсеи Казе повеќепати доаѓаше во Македонија и држеше големи семинари, сега не доаѓа. Дали е во прашање неговото здравје, поради неговите години или нешто друго е во прашање?
– Има од се по нешто. Работите се измешани. Се обидов 1993 година, употребувајќи го целиот мој авторитет, за да го донесам во Македонија и покрај тоа што наголемо се водеш војната во Југсолавија. Иако во нашата земја немаше војна, секако дека и ние бевме засегнати со таа војна. Не само економијата, туку и спортот западна во голема криза. Во таа криза успеавме, прво во да го донесеме Казе во Скопје, а потоа и во Белград и во Ниш. Почна соработка на највисоко ниво. Идеата беше првите учители на каратето, кои сега се добри бизнисмени, правници, лекари, политичари и друго, да ги видиме на паркет и да ги поттикнеме да ја подигнат свеста, културата и да ја вратат популарноста на каратето од 70-тите години, иако можеби долго време не вежбале карате. Но, за жал, во Федерацијата немаше зрелост да се избориме. Како професионален инструктор немав компетентност да се мешам на луѓето што работеа тука, затоа што ние ја цениме самостојноста. Ако сум инструктор во една држава немам право да управувам со сите држави, како што беше во јапонскиот стил, најголемиот степен да управува со сите земји. Секоја држава е независна и сама си ги решава проблемите. Мислев дека тоа е најдоброто решение, носителите на тогашното македонско карате да испливаат со првиот удар, односно да ги примамиме првите инструктори да дојдат во нашите сали. На почетокот бев многу амбициозен, но по едно две доаѓања на Казе се виде дека каратето не го доби ефектот што се очекуваше. Затоа ние се повлековме. Верувајте дека доаѓањето во Македонија не е од комерцијални интереси. Во Германија клубови чекаат по пет-шест години за да им закаже термин за семинар. Тој е многу зафатен и навлезен во 74/5 година од животот. Физички не може да постигне да стигне секаде. Сега држи по два семинари во месецот, додека порано сите викенди му беа зафатени.
Што го натера Мирче Опеловски да замине од Македонија? И како станавте прв асистент на Казе?
– Моето одење беше резултат на тогашното затишје во каратето и падот на економијата. Имав желба да работам само карате. Во тоа време, не постоеше теоретска шанса да живееш од карате. Морам да им се заблагодарам и на Вашите колеги-новинари, кои на некој начин ме пензионираа, велејќи ми дека за мене не се пишува повеќе оти повеќе не сум бил првак на Југославија, односно на Македонија. На 29 години ја напуштив нашата земја за подолго време. Мојата желба во животот беше да го работам она што најмногу го знам, а тоа беше каратето. Тоа ми се оствари, иако патот беше долг. За 4-5 години успеав да го добијам статусот на инструктор. Прифаќањето на Казе, од негова страна, најверојатно е резултат на тоа што поранешна Југославија беше меѓу петте најсилни нации во светот. Двапати годишно доаѓаше во Југославија и четири до петпати во Македонија. Токму тие средби придонесоа да се запознаеме и да бидеме поблиски. На еден семинар 1987 година во Холандија, повторно се сретнавме со него. По неколку средби тој реши да ми подаде рака и да дојде во Малме, Шведска, за да го зајакне клубот каде што вежбам. Но, истовремено, 10-15 клуба, спонатано, изразија желба да направиме академија во Шведска. Паралелно се градеше и Академијата на светско ниво. Со моето јакнење во шведските институции, а и отварањето на 25-27 клубови во Јужна Африка и Академија, при што за првпат на маса заедно седнаа црнци и белци и Индијци, беше ценето од сенсеи Казе. И како награда, тој одлучи да го следам, обично во Европа. По 30 години пауза во Јужна Африка, односно од 1964 година, се обидов 1994 година да организирам семинар. На тој начин ги провоцираше инструкторите што почнале да вежбаат во тоа време, при што се одѕва Штанс Смит, кој му оддаде големо признание на Казе. Имав контакти и со Русија, но поради економската криза не можеа да го издржат ритамот на организирања на семинари, иако не се комерцијални. Многу од економски причини не можат да разберат како еден инструктор по 30 – 40 години тренирање дава пари за усовршување. Тоа е неминовно. Цел живот човек се усовршува.
Верувам дека колку можев го популаризирав каратето, особено во Европа, иако слаба точка ми е Јужна Африка, а веројатно имам шанса уште 20 години да го правам тоа. Генерациите што доаѓаат по нас, верувам дека ќе направат бумеранг, за да го вратат каратето на она ниво што беше пред неколку години во светот.
Каков Ви е сегашниот статус кај Казе и дали сте неговиот иден наследник на таа школа?
– Тој е независен и е институција за себе. Не фер да зборувам за мене, но милсам неколкумина околу него се први. Во едно интервју рече дека има пет најблиски учители. Не важно кој е прв а кој петти. Мислам, дека сите негови најблиски асистенти, се трудат во матичните држави да го шират каратето, а се разбира и преку контакти со други инструктори тоа да се прави и пошироко. Но, ние се уште сме млади и не заслужуваме еден да биде наследник. Сите сме наследници, но со тек на времето, со одењето на Казе, ако се роди желба, односно потреба, можно е да се организираме, како што тоа го направиле по Втората светска војна најстручните лица во Јапонија, да изградиме едно тело на кое ќе се назначи шеф инструктор. Но ми се чини се уште се пребројуваат картите, односно не се издефинирани неговите наследници и никој не е толку силен да може да се наметне. Мислам дека не може да дојде до тоа, иако на една рака можат да се избројат инструкторите за наследник. Можеби преку некој од нашите инструктори, а не ние, ќе се здобие со право да се прогласи за шеф инструктор на Казе ха школата или, можеби ќе оди во ширина. Тоа значи дека сите што се добро потковани ќе организираат свои правци, да не кажам стилови, затоа што тоа е голема работа.
Како Вашата Академија го има решено прашањето во однос на мајсторските појаси од повисок степен, бидејќи кај нас во тој дел има злоупотреби?
– Има повеќе начини на стекнување на звања. Еден начин е времето на вежбање. Ако некој почнал да вежба во 70-тите години, а потоа се занимавал со инструкторска работа и не продолжува да работи карате, го наметнува прашањето дали да напредува или не во звањата. Ако ученикот добие прв степен црн појас, но добар, тогаш се наметнува прашањето за неговиот учител. Тој мора да се помести една или две скали погоре од ученикот. Тоа значи, некој што се занимава со инструкторска работа, дека треба на некој начин да се промовира. Исто се однесува и за тие што стануваат светски правци. Така, Иштван Шиптар од Војводина 1971 година беше трет во светот, како носител кафеав појас, и на следниот семинар се наметна прашањето дека тој мора да добие црн појас. Тоа докажува дека резултатите од спортското не мора да се вреднуваат како целото карате, туку тоа е еден дел. И ширењето на каратето е еден услов за добивање звање. Слушнав дека последните години во македонското карате некои ме сметаат за човек од страна а не од Македонија, иако духовно се чувствувам дека сум од овие простори. Десет години со цел ентузијазам работев овде. Македонија ми беше отскочна штица и затоа мислам дека дел од оваа средина. Не сакам премногу да ги класифицирам, но самите со својата работа и коментари се искоментираа кој колку направил. Сите ние сме направиле нешто. Па и со моето доаѓање овде, без орагнизирање на семинари, преку контактите со првите инструктори што беа, со заеднички размени на информации и пријателски раговори, и тоа е дел од помошта за каратето. Не мора да биде тоа само во сала, бидејќи сме возрасни луѓе и сите имаме фамилии. Каратето мора да го гледаме на едно повиско ниво, а не како на еден меч, како што беше ситуацијата во Сојузот-Федерацијата. Сега работите одат во позитивна насока, бурата почнува да стивнува. Треба време за повторно да се искористат сите потенцијали во каратето. И најмалиот потенцијал ако се искористи, Македонија ќе цути. Имаме фантастични борци, жилави момчиња и добар дух. Можеме да направиме добро карате и верувам дека по нас мора да оставиме нешто. Ако не посееме нешто од нас, ќе останат само клеветите и кавгите и, за жал, она што било добро, што било карате, ќе биде само минато. Кавгите понекогаш се неминовни, но треба да бидат од позатворен тип. Прочистување на размислувања, а не де се препукуваат преку медиумите. Тоа е женски, не е машкост, а каратето е машки спорт.
На помалдите каратисти не сте им познат, односно од златното време на макеоднското и југословснокото карате, кога во националната селекција настапуваа Мирче Опеловски, Јорго Огненовски, Назим Куртовиќ, Венцислав Недев, Димче Кичевски, Живко Тасевски.
– Првата шанса да настапам за реперезентацијата на Југославија ја добив 1976 година во Полска. На првото Европско првенство 1977 година во Белград дебитирав на шампионатите, додека во поширокиот избор беа Кичевски, Недев и други натпреварувачи од Македонија. Го пробив мразот, каратист од Македонија да биде земен во репрезентацијата на Југославија. Наредната година бевеме први во Европа во борби, а 1979 станавме само вицешампиони, додека 1980 и 1981 година моравме да се задоволиме со бронзени медали. Со тоа се докажа квалитетот на таа златна екипа, само се поставуваше прашањето каков медал ќе освоиме на Европското првенство. Тогаш европксото карате беше на високо ниво. Англичаните, Французите, Италјанците беа професионални каратисти и претежно се подготвуваа за спортскиот дел и како инструкори живееја од тоа. Додека ние бевме студентарија, која се хранеше во кујните на мајките и татковците, со по некоја скромна стипендија и се трудеше да го следи тој тренд. Мислам дека го извлековме максимумот од условите што ги имавме.
На Светското првенство во Бремен, Германија, имаше шанса да бидеме втори, а на крај се пласиравме од 4-5 место. Мислам дека резултатот како резултат не е важен. Ако на едно ЕП настапуват најголемите ѕвезди и освоиш трето место, тоа е поголем успех отколку на едно СП, кога се повлекуваат генерациите. Тоа се случи и со мене, иако многу не сакам да се величам. Влегов во првата генерација меѓу Божовиќ, Дачиќ, Путник, Вучениќ, при што добив шанса да бидам во петорката што ќе се натпреварува. Кога се промени половина генерација шанса добија Огеновски и Куртовиќ, односно влегоа меѓу шавови. Се разбира, Куртовиќ направи повеќе резултати на европско ниво, но работата беше да се пробие мразот. Резултатите на Огеновски и Куртовиќ треба се продолжат и ние треба да го гледаме тоа и да бидеме една спојка, а не кој колку направил. Ние сме синџир, без првата алка нема друга алка. Тој синџир треба да се продолжи. Ми беше мило кога нашите каратисти на последното БП се здобија со медали. Мислам дека повторно каратето е во подем, но со слогата на носителите на македонското карате ја гледам неговата розева иднина, а не црна, како што наликуваше во последно време. Немав волја да доаѓам тука поради тие случувања. Со моето доаѓање, сепак, се инволвирав, директно или индиректно, на некои озборувања.
ЗА
Мирче Опеловски е роден во Охрид 1955 година. Носител е на црн појас 6 дан (во 2003 година). Во кариерата имал преку 500 мечеви. Повеќе пати бил првак на поранешна Југославија, истото го прави и со ката тимот на КК “Работнички”, во состав Опеловски, Недев и Братислав К..
Според постигантите резултати во поранешна Југославија, го дели трето и четвртото место. Неостварена спортска желба му е победа над јапонската репрезентација, но во борбата за влез во финалето југословенската репрезентација губи од Египет. Досега не бил во Јапонија, иако најавува дека тоа ќе го направи многу бргу, ќе се обиде доживее нешта кои не се секојдневни.
Член е на Светската карате шотокан академија (ВКСА) и основач и прертседател на ВКСА
во Шведска. Сопственик е на 12 клубови во оваа земја и е шеф инструктор на тренерскиот кадар во Шведска.
Ipon.mk/В. Донев