На третиот Mеѓународен џудо турнир „Струга опен 2016“ вчера џудистите на Миоки освоија 12 златни, 10 сребрени и 11 бронзени медали. ЏК Миоки е најуспешен во возрасната група кадети и јуниори.
За севкупен победник на настанот, според освоените бодови, согласно возрасните групи, беше прогласен Џудо клубот Миоки.
Организаторот додели плакети за остварени резултати на Хамза Јашари и Берна Шерифовска за освоените медали од Балканијадите во 2015 И 2016 година.
На турнирот настапија 303 натпреварувачи од 27 клубови од 9 држави.
Ipon.mk/В.Д.