Миочиќ жестоко се подготвува за одбрана на УФЦ-титулата

Американско-хрватскиот ММА борец Стипе Миочиќ тренира секој ден, а тоа го покажа во последната објава на социјалните мрежи.

Шампионот во тешка категорија на УФЦ објави видео од тренинг на Инстаграм и им се заблагодари на тренерите што одвоија време да вежбаат заедно.

„Нема запирање, дури ни за време на празниците. Им благодарам на тренерите што ги ставија нашите цели над сè, без оглед на околностите“, напиша Стипе Миочиќ на Инстаграм.

На сликата е неговиот тренер по бокс Алекс Купер.

Миочиќ неодамна имаше средба со челниците на УФЦ, а една од темите секако беше одбраната на титулата.

Дана Вајт неколку пати изјави дека Стипе може да се врати во март во дуел против Френсис Нгану.

Тоа би била нивна втора борба. Во првиот судир во јануари 2018 година, Миочиќ со едногласна одлука на судиите убедливо го победи Нагану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON