Миочиќ се врати дома и најави средба со „најтешкиот противник“ (ФОТО)

Откако ја преспа првата ноќ по уште една одбрана на титулата во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ реши да им се обрати преку социјалните медиуми на оние кои секогаш се со него и кои постојано го следат, фановите.

Во кратка, но многу јасна порака на Инстаграм, откри како се чувствува, но и кои се неговите планови за следниот период, при што не го дефинираше времетраењето.

„Каква ноќ. Не можам да кажам ништо освен благодарам, многу љубов и почит на мојот тим, семејството и навивачите. Навистина е чест да имам можност да направам шоу за вас. Сега морам да одам дома и да се соочам со мојот најтежок противник досега … Ова беше за тебе, мое девојче“, напиша Миочиќ со фотографијата и без која би било јасно кој е најтешкиот противник.

https://www.instagram.com/p/CD91ITcpVZe/?utm_source=ig_embed

Семејството е на прво место. Таков беше Стипе Миочиќ и пред Милах Грејс да влезе во неговиот живот пред две години. Всушност, тоа е она од каде ја црпи својата најголема сила. На вистински шампион не му е потребна омраза, нетрпеливост или злобна крв за да биде мотивиран. На вистински шампион му треба само нешто или некој за кого ќе се бори. Стипе апсолутно го има и постојано зборува за тоа и го покажува со своите дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО