Миочиќ се огради од критичките коментари пред УФЦ 309

Стипе Миочиќ (20-4) беше под тешки критики во изминатата година и половина, бидејќи многумина го сметаа за пензиониран поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија. Сепак, тој реши да се врати по цели три и пол години надвор од октагонот за да се соочи со Џон Џонс во обид да го врати појасот. Но, критиките не стигнаа до него, како што изјави за време на официјалната прес-конференција во Њујорк.

„Тоа навистина не ми пречи. Ако научив нешто во мојата кариера, тоа е да престанам да се грижам за тоа што мислат луѓето. Ти имаш твое, јас имам мое и тоа нема да се смени. Навистина не ми е гајле“, изјави Миочиќ, а пренесе ММА џанки.

Меѓутоа, едно е да се разговара за мислењата на еден или друг аналитичар, а сосема друго е да се внимава на фактите. Тука доаѓа важната улога на новинарите, бидејќи известуваме дека Стипе ја загуби последната борба со нокаут на УФЦ 260 против Френсис Нгану во март 2021 година. Неговата последна победа беше во август 2020 година над Даниел Кормиер. Наполни 42 години во август. Сето ова се факти кои не треба да се игнорираат, бидејќи станува збор за еден од најбруталните спортови во светот.

УФЦ 309 ќе започне ноќта меѓу 15 и 16 ноември за македондската публика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON