Миочиќ самоуверено прогнозира: Нгану го чека истото како и првиот пат

Стипе Миочиќ е убеден дека уште еднаш успешно ќе се справи со Френсис Нгану.

Откако го потврдија статусот како најдобра тешкаш во светот со победата против Даниел Кормиер, Стипе Миочиќ полека може да почне со подготовките за она што во нивниот втор меч ќе му го донесе Френсис Нгану. Дана Вајт во неколку наврати потврди дека Камерунецот е следниот предизвикувач, а негова задача ќе биде да направи подобра борба отколку што направи во јануари 2018 година.

Миочиќ тогаш славеше со едногласна одлука во пет рунди, целосно тактички надминувајќи го борецот кој зад себе имаше невиден „бум“ и кој беше прогласен за фаворит. Всушност, Френсис и овој пат е фаворит, се должи на фактот дека тој е во серија од четири победи за кои требаа нешто помалку од три минути. Застрашувачки факт, но не и за шампионот кој гледа смирено во она што го чека.

„Мислам дека Френсис е следен, дефинитивно покажа многу нови добри работи откако се боревме прв пат. Сите ги победува со прекин во првата рунда во одлична серија. Јас ќе се борам против оној за кого УФЦ ќе каже дека е следниот“, рече Стипе во интервју за ЕСПН, за потоа смело да додаде прогноза:

„Тој повторно успеа да се најде на врвот, но ништо нема да промени.Во борбата ќе се случи истото како и минатиот пат, истиот резултат. Нема да има разлика. Ќе доминирам и ќе победам”.

Се претпоставува дека борбата би можела да се организира во декември оваа година или почетокот на следната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON