Жал ми е за Стипе, но јас да сум на негово место, пожарникарската работа би ја оставил настрана на некое време. Знам дека целиот мој свет ќе биде фокусиран само на него и ќе го победам. Сакам да станам најголемиот тешкаш во историјата – изјави Џон Џонс по победата против Сирил Гане на настанот УФЦ 285 што се одржа минатиот викенд во Лас Вегас.
А Стипе Миочиќ ден-два претходно откри дека УФЦ му ветила меч во јули против новиот шампион.
Иако мечот се уште не е договорен, обложувалниците веќе објавија коефициенти за пресметката меѓу Џонс и Миочиќ.
Имено, Џон би бил голем фаворит над Стипе во таа пресметка, доколку се договори.
Во интервју за Ариел Хелвани американско-хрватскиот борец се осврна на изјавата на Џонс дека треба да ја остави настрана пожарникарската работа во следните неколку месеци.
„Сите се врзуваат за тоа, а потоа во борбата сфаќаат дека работите не одат баш како што замислиле. Не знам дали знае, но бев пожарникар целата моја кариера во УФЦ. Но, не ми е гајле што мисли“, истакна Стипе Миочиќ, а потоа го прокоментира мечот меѓу Џонс и Гане:
„Мислев дека Гана ќе биде мојот следен противник, но колку повеќе разговарав со луѓето, почнав да размислувам поинаку и ми се чинеше дека борбата ќе биде изедначена. Искрено мислев дека Сирил ќе го раздели Џон ако се борат на нозе, но и дека ќе има долга ноќ ако Џонс реши да се бори. Бев малку изненаден од овој исход. Очекував војна пет рунди, но дефинитивно згрешив. Добро за Џон“.
Џонс загуби само една борба во текот на кариерата, а тоа беше во декември 2009 година кога беше дисквалификуван поради недозволени удари на мечот против Мет Хамил. Досега ниту еден борец не го совлада Боунс.
„Без сомнение, ќе го победам Џонс. Тој никогаш не загубил меч и штета е што ќе се случи сега. Не можам да замислам поинаков исход. Едноставно ќе се случи – Џонс ќе загуби“, подвлече Стипе Миочиќ.
View this post on Instagram