Шампионот во тешката категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ, успешно ја одбрани титулата по втор пат во мај со победа над Жуниор дош Сантос. Ова беше петта последователна победа за Миочиќ и само две недели по неа почнаа да се шират гласини за следниот дуел против Каин Веласкез.
Сега овие гласини стануваат реални, откако од сигурни извори стана јасно дека УФЦ планираат да ги спарат двајцата борци на УФЦ 216 во октомври.
Веласкез не се борел една година откако забележа победа со ТКО над Тревис Браун на УФЦ 200. Пред тоа тој загуби од Фабрицио Вердум кој ја прекина серијата од пет последователни победи на Мексиканецот и му ја одзеде титулата.