Миочиќ: Убаво е да се разбудиш и да ја видиш победата на Кро Кап

miocik-i-mirko

На големата победа која денеска ја оставри Мирко Филиповиќ на турнирот на Ризин во Јапонија го развесели и шампионот во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ.

Кро Кап во четвртфиналето со технички нокаут во втората рундаго порази минатогодишниот победник на Гранд прито, фавризираниот Мухамед „Кинг Мо“ Лоуел кој скокна во борбата како замена за Вондерлеј Силва.

Миочиќ преку Фејсбук го сподели видеото од борбата на Филиповиќ од Саитама арена со порака. „Толку е прекрасно да се разбудиш и да ја видам на победата на мојот брат Мирко „Кро Кап“ Филиповиќ. Многу почит и за  Мухамед „Кинг Мо“ Лоуел што ја прифати борбата во последен момент. Сега јас сум подготвен да го одработам денешниот ден! #Хрватска“

stipe-fb-post

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON