Миочиќ повторно го предизвика Џошуа: Ти не си најопасниот човек ниту во Велика Британија!

УФЦ шампионот Стипе Миочиќ не се откажува од боксерската авантура! Всушност, тој е поодлучен од кога и да е да ги вкрсти ракавиците со светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа по бокс правилата. Стипе во четвртокот, откако беше објавено дека поранешниот светски шампион и изгледниот следен противник на Џошуа, Владимир Кличко, одлучи да се опрости од активнот спорт, повторно го предизвикува Британецот.

Американско-хрватскиот ММА борец прво ја искористи можноста да му честита на Кличко за одличната кариера, а сега уште еднаш му ја фрли „ракавицата в лице“ на светскиот шампион.

Но, овој пат УФЦ шампионот отиде чекор подалеку и ја потцени боксерската титула на Џошуа.

„Ентони Џошуа, се чини дека распоредот ти е потполно чист. Повеќе нема изговор, ајде да танцуваме! „Најопасниот човек на планетата“, му напиша Стипе на Џошуа и додаде на следниот Твитер пост:

„Ентони Џошуа, „овој тип“ (алудира дека Џошуа не знае кој е – з.а.) е универзално признаен како најопасен човек на планетата. Ти не си најопасниот човек ниту во Велика Британија“.

Со оглед на откажувањето на Кличко од мечот во Лас Вегас и конечното закачување на ракавиците на клин, Џошуа пред себе многу веројатно ја има задолжителна одбрана на титулата против Кубрат Пулев. Но, се работи за меч кој нема нема да предизвика големо медиумско внимание, но и голема заработувачка, па Џошуа повторно се сврте со изјавите за потенцијален меч против Дионтеј Вајлдер.

Сето ова се случува кога Миочиќ не сака да разговара со УФЦ за неговиот следен настап во кафезот додека значително не му се зголеми хонорарот. УФЦ шампион во последните два натпревари заработи помалку пари отколку неговите предизвикувачи, и по победата на Оверем јавно го изрази незадоволство од ваквата ситуација.

Сепак, се согласи на меч против Дош Сантос за ист хонорар, но со услов дека по тој дуел ќе разговараат за новиот договор. Во неодамнешното кратка изјава за медиумите Стипе откри дека досега никој од УФЦ не се јавил, така што нема смисла да разговара за неговиот следен влез во октагон. УФЦ шампион очигледно е многу незадоволен со третманот што го добива во организацијата каде што е шампион во најугледната категорија, а излетот боксерскиот ринг во моментов му се чини како одлична идеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON