Стипе Миочиќ нема намера да се врати на сцената се додека не се реши прашањето за неговиот договор.
Иако се шпекулираше дека УФЦ работи на борбата со Каин Веласкез, Менаџменот на Миочиќ вели дека немало сериозни разговори за следната борба. Пред почетокот на новите преговори нешто мора да се промени.
Според нив, главниот проблем е во тоа што шампионот Миочиќ заработил помалку во првите две одбрани на титулата од предизвикувачите Алистер Оверем и Жуниор дош Сантос. Со третата успешна одбрана ќе стане рекордер во тешка категорија на УФЦ.
Шампионот и неговиот тим не сакаат да почнат разговори за следната борба додека не се решат прашањата од договорот.
„Пожарникарот“ и пред возвратниот меч со ЖДС во мај се пожали на условите, но ништо не се промени. Но се чини дека веќе не е подготвен да се бори додека овие прашања не се решат.