20 години од златниот медал на Фатон Салиху на ЕП во Битола: Останавме со тој резултат, за неуспесите е виновно старото раководство! (ФОТО)

Во едно поубаво време за боксот во Македонија се одржа Европското првенство за кадети во Битола, при што Фатон Салиху го освои златниот медал, а Дарко Чатлески бронзениот. Вчера се навршија точно 20 години од овој блескав успех на македонскиот бокс и освојувањето на европската титула на Салиху.

Ова го искористивме како повод за разговор со Фатон Салиху, сега прв човек на БК Чаир од Скопје и член на Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија.

Се навршија 20 години од освојувањето на златниот медал на Европското кадетско првенство во бокс во Битола 1997 година. Кога ќе направиш една ретроспектива оттогаш до денес, каде е македонскиот бокс?

-Пред 20 години во 1997 година стигнав до најголемиот успех во мојата кариера – европски шампион и голем успех на македонскиот бокс. За жал, останавме со тој резултат 20 години. Овие 20 години се гордеевме со други двајца наши шампиони, Примислав Димовски кој беше меѓу петте најдобри боксери во светот и Вели Мумин кој освои две бронзи на Европските первенства. Потоа и се предружи и Фатлум Жута кој освои медал на Медитеранските игри. Но, за жал на овие боксери, кои да имаа добри подготовки и да се носеа на сите квалификациони турнири за Олимписките игри сигурно ќе обезбедеа норма за Олимпијадата. За овие неуспеси за македонскиот бокс е одговорно старото раководство на Боксерска федерација, а еден дел и МОК.

Фатон во придружба на Чурлиновски и Пашалиев

Што треба да направиме за да се поправи сликата за некогаш трофејниот спорт?

-Сега, со новото раководство на Боксерска федерација и со финансиската поддршка што ни ја дава држават за развој на боксот е направен план на БФМ за камп подготовки на боксерите. Тие ќе бидат во мешан состав, односно со повеќе тренери, при што ќе научат и други текники во боксот, а потоа најдобрите треба да учестуваат на турнири кои се во календарот на АИБА и ЕБУЦ, за да соберат што повеќе искуство. Тие што ќе се докажат со резултати на овие турнири ќе треба повеќе да работиме со нив и да ги водиме на европски и светски первенста.

Азис го придружува помалиот брат

На неодамна завршеното Државно првенство изнанди со квалитетот на боксери и направените резултати. Колку сте задоволни од овие резултатите?

-Ние како Боксерски клуб Чаир учестувавме со млади боксери, почетници, и целта на клубот беше што подобро да се преставиме.

На Државното првенство настана една забуна во собирањето на медалите па прво Чаир го прогласија за екипен попбедник, за потоа од БФМ да направат корекција и да го прогласат за победник Пинк Пантер. Како се случи тоа?

-Моите боксери ме изненадија, сите победија во полуфиналето, освен еден кој изгуби. Во финалето влеговме како фаворити од три клуба: Пинк Пантер, Баргала и Чаир.  Јас бев концетриран на моите боксери, по завршувањето беа прогласени најдобрите клубови од страна на делегатот на БФМ, Душко Сачкарски, кој е и генерален секретар на БФМ. БК Чаир беше повикан да го прими пехарот за најдобар клуб, однонсо прво место, на второ беше Пинк Пантер и Баргала на терто. Наредниот ден Пинк Пантер се жалел до БФМ и до делегатот, истиот тој што ме повика на собирањето на бодовите, при што згрешил, бидејќи последната борба на Димитар Ташков кој е член на Пинк Пантер, не ја регистрирал. Со таа борба Пинк Пантер требаше да биде на прво место, со што веднаш согласив. Исто така имаме и многу добри односи и со управата на Пинк Пантер и се согласивме дека овие три клуба се најдобри на Македонија, без разлика кој е на прво место. Се согласивме Пинк Пантер да биде прв. Ние сме со еден млад кадар на учесници, но верувам дека со добраа работа ќе донесеме добри резултати на клубот и на македонскиот бокс.

Од вчера почнавте да работите во нова сала во Борис Трајковски. Што значи тоа за БК Чаир?

-За жал, во Чаир нема сала што ги исполнува условите за бокс. Затоа баравме сала што ќе ги исполни барањата на клубот и на боксерите. Сега, како клуб, имаме потпшан догвор со Вип арена Борис Трајковски. Финансиските трошоци за кирија ги покриваме сами, тоа значи дека боксерите на БК Чаир ги обезбеди сите услови за трениг на боксерите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО